На Барселона и е доста од „досадни кафулиња“, туризам и сувенири

barselona-1.jpg

Барселона е една од омилените европски туристички дестинации и секоја година ја посетуваат повеќе од 32 милиони луѓе. Сепак изгледа дека на властите на оваа каталонска убавица им е преку глава.

Приходите од туризмот претставуваат 14 отсто од градската економија, а судејќи според  новата најавена регулатива, тој удел би можел да се намали.

Како што пренесува „Fast company“ Барселона и нејзините 1,6 милиони жители почнуваат да претрпуваат последици поради „туристичкиот ефект“ и градоначалникот Ада Колау затоа подготвува „Стратешки туристички план 2020“, со кој ќе се обиде да го „врати градот во рацете на неговите жители“.

Градските власти сметаат дека туризмот негативно влијае врз малите претпријатија, дека малите продавници се „истиснуваат“ од центарот на градот на сметка на „досадните кафулиња“, продавниците за сувенири и слични мамки за туристите.

Исто така во земјата, која со години се бори со невработеност дополнителен проблем претставуваат сезонските работи, а кога на тоа ќе се додаде неконтролираниот раст на цените на недвижнините во градското јадро време е за реакција.

Како што пишуваат шпанските медиуми, градоначалникот сака да го среди туристичкиот сектор, да ги ублажи негативните ефекти, како и да воспостави строга контрола на оние, кои по новите прописи, ќе останат во градот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail