22052017103044_web_gold.jpg

Аматерски ловец на богатство пронајде на дното на реката Јауза во Москва 400 години стар златник, со вредност од повеќе од 17.000 долари.

Ова вредно откритие го пронајде нуркач-аматер, кој пливал низ реката Јауза со магнет за пребарувње, објави телевизијата „Москва 360“.

Се наведува дека паричката била закачена за метален клип длабоко во речното корито и се испостави дека во прашање бил златна угорска монета, искована во времето на владеењто на рускиот цар Борис Годунов (1598-1605). Ваквите пари не биле користени како валути, туку ковани се како награда за храброст во војната. Се сметаат за многу ретки, затоа што, досега пронајдени се само шест вакви парички, а можат да вредат и повеќе од 17.000 долари.

Во меѓувреме, среќниот ловец на богатство одлучи да остане анонимен, затоа што според рускиот закон, лицето кое се занимава со археолошки истражувања без дозвола и ако нансесе штета на артефактот во текот на процесот, може да се соочи со голема парична казна и до четири години затвор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail