На ДУТ меѓународна конференција за јазикот и книжевноста

dut.jpg

Во ректоратот на Државниот универзитетот во Тетово денеска беше свечено отворена четвртата меѓународна научна конференција на Филолошкиот факултет на тема „Јазикот и книжевноста – специфичен предизвик за социо-етичкиот и за професионалниот развој”.

Ректорот на ДУТ Вулнет Амети истакна дека посветеноста на книжевноста, книгата и науката ќе продолжи да биде еден од приоритетите на оваа високошколска установа.

Деканот на филолошкиот факултет на ДУТ Фатмир Сулејмани рече дека дводневната меѓународна конференција ќе овозможи размена на научни искуства и трудови од професорите од ДУТ со нивните колеги од универзитетите во регионот.

– Сите научни трудови што ќе бидат застапени на конференцијата ќе бидат објавени во рамки на седмиот број од нашето специјализирано списание Филологија што оваа година е посветено на мајка Тереза, изјави Сулејмани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail