На Државниот универзитет во Тетово денеска започна првиот августовски уписен рок за новата 2016/2017 академска година.
– Задоволни сме од интересот на кандидатите за упис на нашиот универзитет за сите наставни програми што ги нудиме. Имаме околу 5.000 слободни места заедно со оние опфатени со проектот на Владата за упис на кандидати од 30 до 35 години. По завршувањето на уписите во петок ќе се знае дали ќе имаме втор уписен рок, изјави Ибраим Незири од канцеларијата за настава при ДУТ.
На новите студенти на располагање во ДУТ им се 13 досегашни факултети како и два новоакредитирани, за земјоделство и биотехнологија и педагошки факултет.