На Европа и нема спас од „Белата чума“

bebe-natalitet-650x396.jpg

Процентот на жените кои немаат деца во Европа постојано се зголемува, особено во земјите од југот, каде „тешкотиите се акумулираат”, најмногу економските, соопшти АФП, повикувајќи се на француски научници.

Бројот на жените без деца сега сепак останува под пикот од почетокот на 20-тиот век.

Секоја четврта жена од родените во првата деценија на минатиот век немала деца. За жените родени по 1970 година, соодносот е една од седум (14%).

До 1975 година има бејби бум – жените раѓаат просечно 2,1, деца, а од родените во почетокот на 40-тите години на минатиот век само една од 10 остануваат бездетни.

Сепак плодноста постојано опаѓа, и веќе достигнува многу ниски нивоа во Европа – 1,7 деца за жените родени во 1974 година.

Економската несигурност делумно придонесуваат за тоа.

Феноменот е видлива во јужна Европа каде секоја четврта жена, родена во 70-тите години на минатиот век, може да остане без дете. Ова е изразено во Шпанија, Грција и Италија. Во овие држави „тешкотиите на пазарот на трудот” се комбинираат со „нееднаквост меѓу половите, поради што тешко се комбинира работа и семејство”.

Затоа се очекува процентот на жените без деца да се зголеми уште и да се доближи до врвот по Првата светска војна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail