70719338_3472243089456328_5469216405607940096_n.jpg

Под мотото „Сите сме исти, сите сме европски“ денеска на Европскиот Универзитет во Скопје беа доделени целосни стипендии на две лица со попрченост.

„Ви посакувам топло добредоје на еден хуманиратен настан преку кои сакаме да им испратиме порака на младите луѓе со попрченост, на нашите идни студенти дека сите сме исти, сите сме еднакви да ги оствариме нашите соништа. Токму затоа Европскиот универзитет заедно со целиот тим на професори и студенти има единствена мисија да им биде поддршка на сите студенти во опшеството, да им понуди квалитетно образаование со кое тие силно и самоуверно ќе зачекорат во идниот професионалниот живот“ изјави директортката на Европскиот Универзитет, Биљана Андреска Богдановска.

Ваучерот за целосна стипендија која опфаќа покривање на сите трошоци и беше доделена на идната студентка на Факултетот за Арт и дизајн, Вероника Љоровска. Стипендијата на Вероника ја додели градоначалникот на Општина Центар, Сашо Богдановиќ.

Целосна стипендија беше доделена на Давид Ѓурчиноски од Охрид, на Факултетот за детективи и криминалистика.

Својата успешна приказна ја сподели и младата студентка Анастасија Чадо која нема препреки и покрај препреченостите да ги реалзира своите соништа.

Анастасија е студетнка и моден дизајнер, а има учествувано на шест модни викенди.

„Учествував на шест “fashion week“, бев член на „Дајте ни крила“, имав многу зад себе“ изјави Чадо.

Овој хуманитарен настан беше поддржан и од страна на јавни личности кои беа присутни на настанот, а меѓу нив и Марјан Коцев, Марјан Стојановски, Огнен Здравкоски, Александар Тренчовски од „Тајфата“, Ребека Јанковски Ристевски на кои им беа доделни благодарници.

На крајот беше организирана мала работилница каде што присутните и сите деца ги очекуваа специјално дизајнирани кукли, а децата можеа да си одберат по една кукла.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail