На текстилно – технолошкиот факултет во Загреб официјално е отворен ресторанот „Студентски центар“. На отварањето присуствуваа ректорот на Универзитетот и управителот на „Студентски центар“, деканката на факултетот.
На почетокот на отварањето прво се обрати деканката на факултетот Гордана Павловиќ која истакна дека е благодарна на сите присутни и дека посебно и е драго што првпат во 28 години на текстилно – технолошкиот факултет може да се отвори ресторан за потребите на студентите.
На отварањето се обратија и деканот на Универзитетот и управителот на „Студентскиот центар“.
На самиот крај се обрати и студентската претставничка Теа Тесла.
„Во име на сите студенти сакам да се заблагодарам на Ректорот, Деканката и на сите кои се заслужени за овој чекор и на тоа што мислат на квалитетот кој треба да се пружи на студентите“.
Мензата се наоѓа на самиот влез на факултетот. Изгледа пријатно и има 30 места за седење. Има и мал шанк на кој студентите ќе можат да нарачат топли оброци.
фото: Мој факс