На Фармацевтскиот факултет во Скопје одбележан Светскиот ден за борба против СИДА

studenti.jpg

– Студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ-Скопје со пригодна програма го одбележаа 1. Декември – Светскиот ден за борба против сида.

Организирани од македонската асоцијација на студенти по фармација MPSA, студентите јавно посочија дека потребно е зголемување на свеста кај луѓето за заштита од сидата како болест и најавија зачестени кампањи во функција на јавното здравје.

– Со секоја нова кампања расте задоволството и возбудата кај сите студенти, а посебно кај најмладите, идните фармацевти кои заедно со нас придонесуваат за подигнување на свеста на популацијата. За успешноста на нашите студентски акции значајна е и поддршка од наставниот кадар. Во овие времиња, во овој век, треба да се знае дека Сидата е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со вирусот ХИВ, се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем и пациентите се подложни на голем број инфекции и тумори, рече меѓудругото студентката Искра Танушевска, организатор на јавниот настан на Фармацевсткиот факултет при УКИМ-Скопје.

Меѓународниот ден за борба против СИДА се одбележува од 1988 година и е дел од официјалните здравствени кампањи организирани од Светската здравствена организација.

Во светот над 36 милиони луѓе живеат со ХИВ/СИДА, a од нив 18,2 милиони се на антиретровирусна терапија, потсетија студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ-Скопје кои во текот на академската година организираат јавни кампањи и за рационална употреба на антибиотиците, Недела за подигнување на свеста против сите видови канцер, кампања за ментално здравје и личен развој и други активности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail