На Германија и фалат 25 илјади негователки – платата е 2.436 евра

doktor-1_0.jpg

Негата и грижата за постарите лица станаа посебна гранка на германската економија. Освен сместувањето во институции, домови и хотели за стари лица, за нив е приспособено и производството, со што е создадена индустрија што се мери во милијарди евра.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

За неа недостигаат 25.000 вработени, а наскоро и оваа бројка би можела да е мала. Јенс Шпан, новиот германски министер за здравство, неодамна го објави својот повик за негуватели од Европската Унија, истакнувајќи дека во оваа земја има 17.000 отворени работни места и дополнителни 8.000 преку законски измени.

Исто така, тој го најави и забрзувањето на процесот на признавање на дипломите и изедначување на странските квалификации со германските. Германија планира и да ја подобри положбата на изнајмените работници, односно да ги стави на исто ниво со редовно вработените, така што ќе им го усогласи приходот.

Според германската Агенција за вработување, месечната плата за вработените негуватели изнесува 2.436 евра бруто-плата, а за изнајмените работници е за 205 евра пониска.

Кога Германците се пензионираат, тие допрва планираат да живеат, додека на Балканот е спротивно. Веднаш штом некој ќе каже дека е пензиониран, на Балканот се смета за мртов. Во Германија се бараат голем број негуватели бидејќи семејните односи се лоши. Децата не сакаат да се грижат за своите родители и ги оставаат во старски домови за кои плаќаат, па имаат помалку обврски и времето можат да си го посветат на себе, а не на старите родители.

Моментално во Германија постојат најмалку 3,3 милиони луѓе на кои им е потребна нега, а до 2030 година оваа бројка ќе надмине четири милиони. Со тоа, најавениот број од 25.000 негуватели ќе биде мал бидејќи во наредните 12 години, според податоците на Фондацијата за заштита на пациентите, за постарите луѓе во Германија ќе мора да се грижат најмалку половина милион едуцирани луѓе. Свесни дека станува збор за тешка работа – и психички и физички, луѓето од балканските држави, кои во наредниот век треба да станат дел од европското општество, ќе имаат можност да размислуваат за оваа опција. Без нивната помош, како и помошта од негувателите од другите европски држави, германскиот систем на нега на постари лица би можел да се сруши. А за тоа Германците и тоа како се свесни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top