На Германија и фалат 500 илјади работници годишно

germanija.jpg

Германија има потреба од повеќе мигранти отколку што влегуваа во последните децении, за да се справи со потребата од работна сила на пазарот на трудот.

Според пресметките на германскиот Институт за истражување на пазарот и труд, ако бројот на новодојдените се ограничи до 200.000, тоа ќе ги намали луѓето во работоспособна возраст од 45 на 37 милиони до 2050 година. Во случај дека границите на Германија бидат затворени целосно, недостатокот од работна сила ќе се одрази трагично на пазарот на трудот, откако до 2050 година од 45 милиони вработени ќе се намалат до 30 милиони, посочуваат уште пресметките на Институтот за истражување на пазарот и труд, цитирани во списанието „Шпигел“.

Проблемот со наоѓање на работна рака ќе се зголеми уште во средината на 20-тите години. Економскиот раст ќе се намали, а даночните приходи нема да бидат доволни. Предложената од баварскиот ЦСУ квота на миграција до 200.000 луѓе годишно исто така не ги задоволува потребите на пазарот, станува јасно од анализата. За да се сочува сегашната стапка на развој на Германија, годишно во земјата треба да влегуваат и остануваат 500.000 лица, смета институтот.

Пример на година за таков развој е 2014, кога во Германија пристигнале 1,5 милиони мигранти, а напуштиле 950.000 луѓе. Предизвикот пред Германија сепак не е бројот на оние кои сакаат да влезат, туку регионот од кој доаѓаат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail