На Германија очајно и требаат работници, мигрантите не го решаваат проблемот

germanija.jpg

Германската се постара популација ќе предизвика сериозни последици за економијата во наредната деценија, а имиграцијата нема да биде доволна за да го реши проблемот, се наведува во месечниот извештај на „Бундесбанк“ кој ги анализира пречките за понатамошен раст на најголемата европска економија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Аналитичарите на банката предвидуваат дека потенцијалниот раст на економијата на среден рок ќе трпи поради демографските проблеми на Германија каде до 2025 година бројот на граѓани меѓу 15 и 74 години ќе се намали за повеќе од два милиони. Оваа бројка е далеку поголема од бројот на работоспособни имигранти кои што во истиот период би пристигнале во земјата и би биле подготвени веднаш да се вработат.

– Намалувањето на популацијата и стареењето на нацијата ќе го намали трендот на економски раст. Дополнително демографските промени ќе ја намалата акумулацијата на капиталот и темпото на растот на продуктивноста“, се истакнува во извештајот на Бундесбанк.

Германија во март забележа најниска стапка на невработеност од обединувањето (5,9 проценти), оствари суфицит во буџетот од околу 24 милијарди евра на сите нивоа а во земјата во 2015 и 2016 година пристигнаа над 1.300 илјади мигранти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail