На Хрватска и фалат 20.000 сезонци

hrvatska.jpg

Од ноември хотелиерите во Хрватска се во потрага по сезонски работници. Потрагата по работници ќе трае се додека не најдат доволно келнери, готвачи, собарки, рецепционери и други кадри кои им се потребни.

За сезона 2017 година фалат дури 20.000 работници. Работници за туризам, хотелиерство и угостителство се бараат во Славонија и БиХ, што претходно не беше пракса.

Хотелиерите, посебно оние кои вложиле многу во овој бизнис се во паника дали ќе резервираат навреме луѓе за работа. Се проценува дека оваа година се вложени 5 милијарди куни, во реновирање на 40 објекти за 2017 година.

#Коментари

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail