На иницијатива на студентите во студентските домови во Скопје ќе се рециклира отпад

Adapting-to-university-during-Covid-19.jpg

High school students in the benches after the pandemic corona virus

Студентите ќе рециклираат, а околината ќе има помалку отпад. Ова е целата на проектот што започна денеска со кој се предвидува секој студент во студентските домови да може да рециклира амбалажи, а за возврат да добива одредени финасиски средства.

Проектот е иницијатива на студентите за која Државниот студентски дом „Скопје”, кој издвои околу осум милиони денари. Средствата, според директорот Виктор Велевски, предвидено е да бидат вратени во буџетот за три и пол години.

– Државниот студентски дом издвои околу осум милиони денари од овогодинешниот буџет со цел реализзација на проектот „Студентите рециклираат”, проектот е целосна инвестиција на ДСД „Скопје”, предвидени средства во финансискиот план за оваа година, анализата покажува дека овој  проект ќе се исплати за некаде три ипол години и во иднина со тоа ДСД „Скопје” ќе може да заработува диополнителни средства и ќе влезе во системот на самофинансирање, изјави Велевски на денешната презентација на проектот во студентскиот дом „Гоце Делчев”.

Тој појасни дека картички на кои ќе се враќаат средства од рециклираните амбалажи, ќе имаат секој студент и вработен во ДСД „Скопје”.

– За секоја амбалажа во зависност од големината се враќаат половина денар или денар и половина, со оваа картичка студентите ќе добијаат и дополнителни попусти во бифеата кои ќе функционираат во рамки на ДСД „Скопје”, а нашата желба и задача во иднина е да оваа картичка ја направиме и платежна картичка која студентите ќе можат да ја користат во повеќе објекти низ државата, истакна Велевски,

Тој информира дека во поектот засега се предвидени шест машини за рециклирање.

Предвидено е во студентските домови „Кузман Јосифивски – Питу” и „Стив Наумов” да има по една машина за рециклирање, а во студентскиот дом „Гоце Делчев” четири, затоа што тој има најголем капацитет за сместување.

– Нормално доколку излезе потреба ќе предвидиме дополнителни средства, со цел студентите да добиваат на нивната картичка пари кои ќе можат  да ги користат допшолнително во нашите објекти, изјави Велевски.

Тој изрази надеж дека овој проект ќе се прошири и во другите ученички и студетнски домови ширум земјата.

извор: 24инфо.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail