На Кина и недостасуваат 60 милиони жени: Млади невести вредат и до 70.000 долари

kineskini.jpeg

Поради поголем број на мажи од жени во Кина, младите невести имаат астрономски цени, а општеството и економијата мора да се прилагодат на новонастанатата ситуација, пишува “The Economist” во неодамнешната статија.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Кина е патријархално општество, што значи дека невестата по свадбата се сели во куќата на мажот, каде мора да се грижи за свекорот и свекрвата. Кинезите исто така повеќе веруваат во синови отколку во ќерки.

Меѓутоа, за разлика од земјите во кои се плаќа мираз, во Кина се плаќаат невестите. Од родителите на младоженецот се очекува да ја платат венчавката и на парот му даваат пари и имот, а цените на невестите веќе со години вртоглаво растат.

На Кина и недостасуваат 60 милиони жени
Според наводите на 50-годишниот Рена од селото Пи во предградието на Пекинг, неговите родители за неговата сопруга платиле 800 јуани. Рен за сопругата на својот син пред 12 години платил 10 пати повеќе, а за сопругата на неодамна оженетиот помлад син морал да издвои дури 100.000 јуани.

Во светот на секои 100 девојчиња се раѓаат 105 момчиња. Со оглед на тоа дека машката стапка на смртност е нешто повисока од женската, бројките обично се изедначуваат по пубертетот.

Меѓутоа поранешната кинеска политика на едно дете го нарушила тој природен сооднос. Многу мајки во желба за син ги абортирале женските фетуси, па така во 2010. година на секои 100 девојчиња во Кина се раѓале 119 момчиња. Демографите проценуваат дека на Кина денес и недостасуваат 60 милиони жени.

Источнокинеската провинција Шандонг лежи меѓу Пекинг и Шангај. Соодносот на девојчиња и момчиња во провинцијата на почетокот на деценијата изнесувал 100:123. Тамошните девојки се на глас по необичната убавина и висина, па често во потрага по работи и љубов се селат во големите градови. Цените на невестите во таа провинција поради тоа се лудачки и кинеските стандарди.

Цената на невестите во селото Жонгденглоу во Шандонг пред десет години изнесувала 2.000 до 3.000 јуани. Денес се движи меѓу 200.000 и 300.000 јуани, а не е необично за невеста да се плати и 500.000 јуани. Колку за споредба, пристојна годишна заработувачка во провинцијата изнесува 50.000 јуани.

Бројките се слични и во останатите села. Поради тоа во Кина речиси да нема немажени жени, бидејќи и вдовиците лесно наоѓаат нов сопруг. За разлика од нив, мажите веќе по 25. година се сметаат за “лански снег”.

Брачната криза во Кина ќе потрае уште неколку децении, а потоа ќе се реши сама од себе. Кинеските семејства веќе се прилагодуваат на новонастанатата ситуација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top