На Клиниката за гинекологија се роди најголемото бебе во Македонија: Тежи 5700 грама

88fbR-baby-feet-2612403-960-720.jpg

ЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје објави интересна информација дека претходниот месец на клиниката се родило најголемото бебе родено во Македонија.

“Еден мал куриозитет …во месец февруари на ГАК со спонтано породување се роди најголемото бебе родено во државата … машко бебе 5700 г. тешко и 55 см долго”, објавија од Гинекологија.

Како што инфомираат од клиниката, ова е второ бебе во семејството, а истото било испишано од болница во добра општа состојба.

“Бебето е машко и е спонтано родено, а не со царски рез. Лекарскиот тим на ГАК изврши породување на второротка, а очекувавме дека е крупен плодот, па затоа подготвивме и операциона сала за евентуален царски рез, бидејќи и првото дете е крупно родено. Но мајката убаво соработуваше со тимот, а беа добри и нејзините карлични мерки, па проценивме дека во дадениот момент е можно вагинално породување. Пациентката беше крајно подготвена и имаше огромна желба со спонтано породување да го роди бебето. Тоа и се случи, и тоа релативно брзо и на обострано задоволство и на родилката и на лекарскиот тим што ја породуваше. Плодот е во добра кондиција, со Апгар 8/9, а навистина е реткост да се роди бебе потешко од 5 килограми” – изјави д-р Адела Поп Стефанија, гинеколог на Клиниката и раководителка на одделот за патолошка бременост.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail