На листата на Stanford за 2021 година, повторно 6 македонски научници во топ 2% највлијателни светски научници

manu-1.jpg

И во 2021 година-6 активни македонски научници се рангирани во највлијателните 2% на светско ниво од сите научни области на сите времиња.

И оваа година, пред еден месец е објавена една од најшироките студии за рангирање на топ 2% најдобри светски научници од сите области, од автори од Stanford University USA.

И оваа година, на кумулативната листа за најдобри топ2% научници на сите времиња (од сите области) се рангирани Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ) Валентин Мирчески (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки, УГД Штип) и двајца пензионирани професори, Трајче Стафилов (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за Хемија, ПМФ, Скопје).

Покрај тоа, за календарската 2020 година (рангирани во 2021 година), во топ 2% највлијателни светски научници од Македонија се рангирани:
Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа Тетово), Кимет Јусуфи (Државен Универзитет Тетово), Биљана Бауер (УКИМ Скопје) и Биљана Ристеска Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).

Сите податоци се наоѓаат на следниот линк.

Ова е голем успех за македонската наука, знаејќи го фактот досега се издвојуваат скоро никакви средства за наука во Македонија. Посебно е важно што за 2020 година, петмина од рангираните најдобри топ2% највлијателни научници од Македонија се во категоријата помлади од 50 години.

Честитки за сите.

Линк до базата на податоци и публикацијата од Elsevier каде во excel формат се наоѓаат сите податоци
https://elsevier.digitalcommonsdata.com/data…/btchxktzyw/3

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail