Стотина студенти од „Медицинскиот факултет“ даруваа крв во склоп на акцијата со Институтот за трансфузиона медицина „Blood bank – TENK“, на крводарителската акција која се одржа на 5 март.
Радио МОФ разговараше со Јасин Рустеми и Андреј Костурски, студенти и претставници на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет.
Рустеми е еден од организаторите на акцијата и вели дека таа е организирана со цел да се поттикне свеста кај медицинарите кои треба да се предводници на ваквите акции, имајќи предвид дека постарите лице се најчестите крводарители.
„Задоволни сме и од бројот на студентите, но и од Институтот за трансфузиона медицина, досега крв даваа неколку стотина студенти“.
Иако оваа акција беше отворена само за студентите на Медицинскиот факултет, идејата е ваквите крводарителски акции да се одржуваат два пати годишно, но и да бидат отворени за сите студенти, вели Андреј Костурски, член на ФФС.
„Акцијата треба да се прошири на ниво на Универзитет и да прерасна во „натпревар“ помеѓу студентите – кој би бил похуман“, истакна Костурски.
Крводарителска акција на студентите од Медицинскиот факултет
Стотина студенти од „Медицинскиот факултет“ даруваа крв во склоп на акцијата со Институтот за трансфузиона медицина „Blood bank – TENK“. Тие ги повикуваат студентите да им се придружат на идните крводарителски акции. 🩸🩸🩸
Gepostet von Радио МОФ am Montag, 9. März 2020
извор: радиомоф