61503958_2587366257940771_3908839389513383936_n.jpg

На 1-ви јуни 2019, сабота, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, се одржа вториот дел од обуките за Европско финансирање преку Европски програми.

Предавањето беше за Европските фондови и програми за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој во Република Северна Македонија.

Предавањето беше поделено на четири дела, односно на следниве теми:

• Преглед на главните Европски програми за грантови за поддршка на земјоделието и руралните области. Хоризонтот 2020, LIFE и други програми директно управувани од Европската комисија и ЕУ, кои се применуваат директно во Брисел. Цели, мерки, отворени очекувани повици за предлози во областа на земјоделието и руралниот развој.

• IPARD II програма 2014-2020 – преглед.
Мерка „Инвестиции во материјалните средства на земјоделските стопанства“.
Мерка „Инвестиции во материјалните средства за преработка на земјоделски и рибни производи“.

• Програмата IPARD II, за приодот 2014-2020 – мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“ – Како да подготвите успешен проект – основни правила и упатства.

• Програмата IPARD II, за приодот 2014-2020 – мерка „Инвестиции во рурална, јавна инфраструктура“ – Како да подготвиме успешен проект – основни правила и упатства.

Предавачи беа Веселин Халачев – претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на малиот бизнис (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европски
фондови” и Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail