deca-glad.png

Шест милиони деца во светот на возраст до 15 години починале минатата година од болести кои можеле да бидат спречени или компликации. Бројката е речиси половина пониска во споредба со смртните случаи во 2000-та година, се наведува во најновиот извештај на УНИЦЕФ.

Во 2000-та година 11,2 милиони деца под 15 години починале од болести што можеле да бидат спречени, од неухранетост, недостиг на чиста вода или при раѓање, јави ДПА.

Во 2017 година таа цифра е 6,3 милиони и тоа означува дека едно дете на возраст под 15 години умирало на секои пет секунди, соопшти УНИЦЕФ.

Повеќето смртни случаи лани (5,4 милиони) биле деца под петгодишна возраст.

– Постигнавме добар напредок во спасувањето деца од 1990 година кога 12,6 милиони деца на возраст под пет години умираа во светот од причини што можеле да бидат надминати. Но милиони деца се уште умираат заради тоа и поради местото во кое се родени, изјави Лоуранс Шанди директор на Одделот за истражување во УНИЦЕФ.

– Со едноставни решенија како лекови, чиста вода, струја и вакцини можеме да ја смениме реалноста за секое дете, додаде тој.

Во исто време во овој хуман свет милиони домашни миленици живеат во комфор, добро нахранети и со редовна ветеринарска заштита.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail