На Шведска и недостасуваат околу 80.000 работници

svrdska.jpg

Недостигот на работна сила би можел да го блокира економскиот раст на Шведска, предупредуваат аналитичарите, а ситуацијата не успеа да ја подобри ниту миграцискиот бран, кој ја зафати земјата пред две години.

Според истражување на Конфедерацијата на шведски претприемачи, чиј број е над 60.000, 75 отсто од ангажираните фирми имаат проблем да најдат висококвалитетен кандидат.

– Недостигот на работници во моментов е многу висок и стана многу акутен во многу области, изјави Торбјорн Халдин, економист од здружението.

Според податоците на шведскиот пазар, бројот на огласи за работа за невработените во моментов е највисок од 2000 година, а 12 од 15 сектори страдаат од недостаток на работна сила.

Најтешката ситуација е во градежништвото, образованието, ИТ секторот и здравството.

Единствените сектори во кои има доволно работници се администрацијата и правото, потоа продажбата и маркетингот, медиумите и дизајнот.

Само во август, 78.000 слободни работни места останаа непополнети, девет отсто повеќе од лани, а дури 41 отсто повеќе од пред две години, пишуваат шведските медиуми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top