На сите ни се случува, а речиси секогаш грешката е во нас: Како да избегнете прегревање на вашиот смартфон?

Gb2Mus4Cm7-na-site-ni-se-slucuva-a-recisi-sekogas-greskata-e-vo-nas-kako-da-izbegnete-pregrevanje-na-vasiot-pameten-telefon.jpeg

Речиси не постои човек на кој барем еднаш во животот не му се случило мобилниот телефон да му се прегрее.

Многумина се загрижуваат откако ќе им се случи тоа, но за да му помогнете на вашиот уред, важно е да го знаете причинителот за загревањето.

Зошто смарт уредите се прегреваат?

Паметните телефони можат да се прегреат после подолг телефонски разговор, гледање долги видеа, постојано користење GPS или затоа што премногу апликации се отворени во позадина. Забележано е и дека телефонот се загрева доколку го користите додека се полни.

Значи, батериите со високи перформанси, полначите или апликациите може да предизвикаат прегревање на вашиот мобилен телефон, а благодарение на овие трикови ќе можете да влијаете на неговата температура.

Што да направите кога телефонот ќе се прегрее?

За почеток, исклучете го WiFi-то на некое време. Ако ви е вклучен блутутот, треба и него да го исклучите, за да може телефонот да „одмори“. Дополнително, исклучувајте ги редовно сите апликации што не ги користите, бидејќи на тој начин се заштедува енергија од батеријата и се спречува телефонот да се прегрее.

Ако гледате филм или видео на телефонот, намалете ја осветленоста на екранот додека гледате.

Ако причината за прегревање на телефонот е батеријата, тогаш треба да се грижите за полначите. Затоа, не треба да користите полначи за батерии кои имаат поголем напон од потребното, како и кабли кои се скршени или имаат слаб контакт.

Прегревањето на телефонот може да предизвика пократко траење на батеријата, а во некои екстремни случаи може да предизвика и експлозија. Ако забележите дека батеријата на телефонот често се прегрева, подобро е да го однесете телефонот во сервисен центар.

Телефонот исто така може да се прегрее поради вирус. Можете да го заразите оперативниот систем со преземање непроверени апликации или содржина. Потоа треба целосно да го „исчистите“ телефонот, односно да го вратите на фабричко подесување или да го однесете кај програмер за да го отстрани вирусот.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail