4-Medium-16.jpg
Во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе. на 04.11.2017 се одржа Стенд-ап шоу со Ивана Наскова, насловено „Кога ќе се мажиш?“. Талентираната стенд-ап комичарка ја насмеа бројната публика до солзи раскажувајќи за згодите и незгодите кои се дел од сингл животот, врските и свадбите.
 
Помеѓу публиката на 60-минутното шоу беа и нашите пријатели и соработници – целокупното раководство на Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, на чело со ректорот д-р Христо Бонџолов. Великотрновскиот универзитет е наш партнерски универзитет и со него имаме заеднички програми за докторски и магистерски студии.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail