На Србија ќе и требаат 20 000 работници во јуни – плата: 55 000 динари

belgrd1.jpg

Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија донесе правилник врз основа на кој од првата половина на месец мај ќе започне обуката на професионални управници на згради, а првите лицецни ќе бидат издадени тек во јуни.

“Со оваа професија можат да се бават сите кои имаат најмалку средно образование и не се осудувани за некое тешко кривично дело“, – вели Јованка Атанцковиќ – помошник министер за овој ресор.
Таа нагласи и дека на овој начин голем број на невработени граѓани ќе најдат вработување бидејќи, како што то нагласува таа, се очекува да се отворат од 15.000 до 20.000 нови работни места. Таа додава и дека овие професионални управници ќе можат да заработат плата која е значително повисока од просечната плата во Србија. Наговестува дека дополнителен притисок врз платите да одат нагоре се очекува и од фактот дека градежништвото е секогаш во подем, па така побарувачката за овие професионалци секогаш ќе биде голема.
Нејзиното искуство со фирмите кои се занимаваат со одржување на згради покажува дека доколку 1 управник земе под контрола 20 згради, тој може да заработи до 500 евра за еден месец.
Обуката за професионални управници се очекува да започне во мај и ќе трае 3 недели, а цената за истата ќе биде околу 250 евра. Тарифата на еден управник во моментов во Србија изнесува од 200 до 350 динари од стан.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail