На Технолошко техничкиот факултет во Велес свечена промоција на дипломираните студенти и магистранти

133720648.jpg

Во седиштето на Технолошко техничкиот факултет во Велес, денеска свечено беа врачени дипломите на завршените студенти од прв степен и на магистрантите од втор степен.

Дипломите на 40 дипломци од прв степен и пет магистранти им ги врачи проф д-р Валентина Павлова декан на факултетот.

Таа потсети дека овој факултет, кој е со седиште во Велес има свои студии и во Кичево и Битола, а е во рамки на Универзитетот „Св Климент Охридски“ од Битола. Во Велес работи како самостоен факултет од академската 2008/2009 година, со две насоки: Прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизам.

– Ние како факултет ги следиме новите текови во образованието и затоа секоја година воведуваме новини. Воедно и самите студенти се иницијатори на тие новитети. Новитети се и нашата соработка со студенти и професори од факултети од странство. Воедно соработуваме и со  компании каде ја гледаме иднината на нашите завршени студенти од кои веќе некои се вработени или чекаат да се вработат, информира деканката Павлова.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail