На Тик Ток ги руши најпознатите заблуди за вселената: Студентката Александра ги едуцира луѓето за астрофизиката

20220303120411.jpeg

Студентката по афрофизика од Србија, Александра Драговиќ, на ТикТок попозната како astro.aleks, го користи своето слободно време за подобро да им ја претстави науката и астрофизиката на младите на оваа социјална мрежа и смета дека ова не е здодевна тема која не треба да се споделува на Интернет.

На ТикТок ја следат околу 200.000 луѓе со кои секојдневно споделува фантастични факти за вселената, планетата, ѕвездите… Исто така, често одговара на прашањата на своите следбеници во кои понекогаш ги руши најпознатите заблуди за вселената, но и за астрофизиката воопшто.

@astro.aleks

Cinjenice koje niste znali o neptunu 💖

♬ Lobby Music (Original Soundtrack) – Kahoot!

„Ти си прекрасен пример за младите, паметни и упорни девојки. Пример како некој треба да ги искористи своите потенција“ – вака ја опишуваат нејзините следбеници кои постојано ѝ пишуваат убави коментари на оваа социјална мрежа. Пропратно ѝ се заблагодаруваат и поради тоа што докажува дека ТикТок не е само за „глупости и колку да помине времето“, туку дека може да се погледнат и многу паметни, кул и забавни содржини.

@sabri_ayoub #sabriayoub #foryou #fyp ♬ Le Calin – 斌杨Remix

Александра студира во Лондон, на еден од најпрестижните универзитети во Велика Британија, па освен видеата за вселената, покажува и како се подготвува за испитите по квантна физика, нуклеарна физика, квантна механика и другите предмети кои на многумина им делуваат како научна фантастика. Но, таа ги совладува како од шега.

извор: хаштаг

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail