На УГД промовирана платформата за млади новинари Хајде

2.jpg

На Правниот факултет на УГД денес беше промовирана платформата Хајде која е можност за млади новинари. Платформата е креирана од неколку држави од регионот и нуди можност на млади студенти по новинарство да се изразат, пишуваат или да креираат други содржини.

Во рамките на проектот со организацијата Ryco, Правниот факултет придонесе со свое учество и со учество на своите професори и студенти.

Проектот на регионалната канцеларија за младинска соработка Ryco се одвиваше изминатата година и како резултат на тоа ја формиравме платформата хајде.медиа која денес ја презентираме токму на Правниот факултет на УГД. Тоа е само појдовна точка, сигурни сме дека во иднина ќе имаме многу повеќе студенти и многу повеќе содржини кои ќе бидат објавувани овде, истакна Тања Панева, претставник на локалната канцеларија на Ryco во Македонија.

Неколку студенти од студиската програма по Медиумски студии и односи со јавноста, беа дел од обуките кои се организираа во рамките на овој проект, а професорката д-р. Јорданка Галева беше ментор на дел од студентите.

Ние потпишавме договор за соработка со Ryco и како резултат на тоа организиравме неколку активности. Целта е да ја зголемиме бројката на студенти по Медиумски студии и да поттикнеме повеќе млади луѓе да се занимаваат со новинарство, истакна професорката др. Јадранка Галева од Правниот факултет на УГД.

Настанот се одржа во правниот факултет, а на него присуствуваа студенти, па дури и заинтересирани средношколци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail