На УЈИЕ се одржа предавање за иднината на ЕУ 2025 и за перспективите за Македонија

picture1533.png

Во понеделник (8 мај 2017г.) во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје се одржа предвање на тема „Иднината на ЕУ 2015 и перспективите за Македонија “.На предавањето беа присутни студенти од УЈИЕ и од Универзитетот „св.Кирил и Методиј“, професори и гости.

 

Ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика истакна „Ние, кои се уште не успеавме да ги уживаме практичните вредности на ЕУ , можеби имаме повеќе причини да веруваме во тие вредности“. Тој забележа дека обединувањето на Европа во административна, економска, царинска и културна рамка дава поттик за другите само кога тие работи се имплементираат целосно а не само про форма, што не е секогаш случај за земјите аспринати.„Иако структурните реформи инспирирани од Болоњскиот процес претставуваат столб на организација на високообразовните институции во рамките на заедничкиот Европски простор, мора да признаеме дека Македонија, освен на формално ниво, нема достигнато значителен напредок во областа на високото образование. Сепак, Болоњскиот дух продолжува да го зајакнува, развива и гради УЈИЕ“ забележа ректорот Дика.

Заменик – премиерот за Европски работи д-р Арбр Адеми истакна дека Македонија од независноста останува посветена на стратегискиот приоритет за членство во евроатлатските структури. „Ние не разгледуваме друга алтернатива освен целосна евро-атлантска интеграција. Ова, исто така, е барање на 72-3% од населението ( според неодамнешните анкети за јавното мнение) од сите етнички и религиозни заедници …..На жалост, во поседниве две и пол години, во земјава имаше длабока политичка криза, која предизвика тензии и кулминираше со насилство во Собранието на 27.април,“ забележа заменик- премиерот Адеми.

Амбасадорот на Кралството Холандија во Р. Македонија г. Вилем Воутер Пламп по осврнувањето на историјата и идеата за формирање на ЕУ посебно ги истакна неодамнешните избори во Холандија , Германија и Франција каде како што истакна наспроти стравот од популистичките бранови , Европа станува дури и посилна и побединета.

Предавањето беше проследено со многу прашања од студентите за тековната политичка состојба во Македонија и за Европската перспектива на Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail