Izbor_na_Pretsedatel_na_USS_30_12_2019-scaled.jpg

На 30.12.2019 г. на УКЛО, успешно заврши изборот на Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание.

Дона Петрова, редовен студент на Правниот факултетот избрана е за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Таа истакна дека со членовите на раководството на УСС и студентите на УКЛО ќе се реализра Програма за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти.

Проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски истакнувајќи го УКЛО како универзитет што почнува со нова форма на студентско организирање, зборуваше и за студентскиот активизам и го најави повикот на УКЛО за финансирање проекти за студентски активности, обуки и конференции што ќе следи на почетокот на 2020.

Со изборот на Дона Петрова за студентски лидер на УКЛО на тајно гласање од две утврдени кандидатки, студентите на УКЛО го афирмираа базичното начело на еднаквост, со што УКЛО се вбројува меѓу универзитетите чија цел меѓу другото е постигнување на вистинска родова еднаквост.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail