На Универзитетот во Тетово претставени можностите за стипендии за студии и усовршување во САД

thumbnail_20220519_112215-1-660x500-1.jpg

Претставници на Американската амбасада во земјава денеска на Универзитетот во Тетово презентираа програми за студирање и професионален развој во Соединетите Американски Држави. Претставени беа повеќе видови стипендии што ги нуди Амбасадата, со посебен фокус на студентските програми „Фулбрајт“ за постдокторски студии и „Хуберт Хамфри“ за професионалци.

–Овие програми се тековни и доаѓаме секоја година да зборуваме пред студенти и да им кажеме зошто треба да се аплицира. Стипендиите што ги нудиме ги покриваат буквално сите трошоци – од виза до повратна карта. Се им е платено, дали студираат последипломски или додипломски студии едногодишни или двегодишни студии, сите трошоци се покриени, изјави Газменд Илјази раководител на образовни програми и алумни координатор во Амбасадата.

Фулбрајт-студенската програма им овозможува на дипломираните или на тие што ќе завршат додипломски студии да ги запишат своите последипломски студии во Америка.

-Може да аплицираат студенти со последипломски и докторски студии запишани во нашата држава или во трета држава ако сакаат да прават здружување во нивната магистерска или докторска дисертација. Сите категории може да аплицираат за програмата „Фулбрајт“. Исто така, професорите може да аплицираат за постдокторски студии. Оваа програма им овозможува не само истражување, туку и можност за предавање на некој од универзитетите, рече Илјази.

Програмата „Хамфри“ им овозможува на професионалците во разни области стекнување искуства со цел професионално усовршување.

-Заинтересираност има, но не можам да кажам дека е доволно. Бројот на стипендии што ние ги даваме го задоволува бројот на кандидатите кои аплицираат. Но, ако имаме многу повеќе заинтересирани кандидати, секогаш може да се врши малку повеќе притисок во Вашингтон за поголем буџет за овие можности, потенцираше Илјази.

извор: biznisnovosti

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail