НА УТМС СЕ ОДРЖА 7-ОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС „ICON BEST 2020” НА ТЕМА: „АЛТЕРНАТИВНИ ПАТИШТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕМЕРГИНИ ЕКОНОМИИ ВО ГЛОБАЛНОТО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ”

NA-UTMS-SE-ODRZA-7-OT-MEGJUNARODEN-KONGRES-ICON-BEST-2020-NA-TEMA-ALTERNATIVNI-PATISHTA-ZA-RAZVOJ-NA-EMERGINI-EKONOMII-VO-GLOBALNOTO-BIZNIS-OPKRUZUVANJE.jpg

НА УТМС СЕ ОДРЖА 7-ОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС „ICON BEST 2020” НА ТЕМА: „АЛТЕРНАТИВНИ ПАТИШТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕМЕРГИНИ ЕКОНОМИИ ВО ГЛОБАЛНОТО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ”

Во организација на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа 7-от Меѓународен научен конгрес „ICON BEST 2020” на тема : „АЛТЕРНАТИВНИ ПАТИШТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕМЕРГИНИ ЕКОНОМИИ ВО ГЛОБАЛНОТО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ”. На конгресот учествуваа врвни академски и експертски имиња од земјава и странство. Конгресот тематски и научно, преку истражувачки научни трудови, се осврна на анализата на светски трендови и случувања од областа на бизнисот, економијата, туризамот, маркетингот, интелектуалниот капитал и образованието

Темата на конгресот предизвика силно внимание во светот поради актуелноста генерирана од глобалната криза. Пред се фокусот на академската јавност беше на анализа на нивото на развој на пазарната економија како резултат на примената на алтернативни патишта во услови на турбулентно окружување. Научните сознанија и емпириските истражувања кои беа презентирани беа сублимирани во заклучоци и препораки кои промовираат ефикасни алтернативни методологии, аспекти и алатки за адаптибилност, одржлив развој и економски просперитет.

Научно-истражувачките трудови ќе бидат објавени во зборникот на конференцијата, а селектираните најдобри трудови ќе бидат објавени во меѓународното научно списание на УТМС – Journal of Economics.

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail