На Западен Балкан отворени 300 илјади нови работни места за шест години

zapaden-balkan.jpg

Во регионот на Западен Балкан отворени се 300 илјади нови работи места во периодот 2010 – 2016 година што означува раст на вработените за шест отсто, се вели во извештај на Светска банка и Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Директорката на СБ за Западен балкан, Елен Голдстајн оценува дека анализата на пазарот на трудот е важна за да се бараат начини за забрзување на отворање работни места.

Извештајот укажува дека невработеноста во регионот се намалува, но и понатаму е исклучително висока – 21 отсто од работната сила.

Речиси 40 отсто од работоспособното население е и понатаму неактивно, повеќе отколку во државите од Европската унија. Меѓу нив најмногу се жени и оние со ниско образование, се вели во извештајот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail