Началникот на полицијата во Филипини ги повика наркоманите да ги убиваат дилерите и да им ги палат куќите

nacalnik.jpg

Началникот на полицијата во Филипини ги повика наркоманите да ги убиваат своите дилери и да им ги палат куќите, и на тој начин се вклучат во војната против дрогата, која ја почна претседателот Родриго Дутерте. Од почетокот на оваа борба против дрогата, убиени се околу 2.000 лица.

– Зошто не ги посетите во нивните домови? Полејте ги нивните куќи со бензин и запалиле ги за да го покажете својот гнев, изјави Роналд дела Роса во синоќешниот говор пред стотици наркомани, кој денеска се емитуваше на телевизија.

– Тие заработуваат од вашите пари, од парите кои ви ги уништуваат мозокот. Вие знаете кои се. Сакате да ги убиете? Ајде! Можете да убиете дилерите, бидејќи вие сте жртвите, рече тој.

Изјавата на Дела Роса предизвика критики по медиумите и подоцна во текот на денот се извини за своите зборови.

– Го реков тоа, бидејќи се чувствував лошо, изведен пред тие клетници, ситни шверцери и потрошувачи. Тие личеа на зомби, изјави тој пред новинарите.

– Жал ми е, ако сум рекол нешто непријатно. Јас сум само човечко суштество, кое може да се изнервира, додаде Дела Роса.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail