Над 1 милион нови корисници на мобилен интернет на ден

mobilen-internet-data-Mtel-Max.png

Последното издание на Ericsson Mobility Report предвидува 2,6 милијарди нови претплатници на мобилната широкопојасна конекција во 2022 година, или во просек над 1 милион на ден.

Вкупниот сообраќај во мобилни мрежи расте за 70% помеѓу крајот на првиот квартал на 2016 година и крајот на истиот период за 2017 година.

Ericsson предвидува континуиран раст на мобилната конекција, при што до 2022 година глобалниот мобилен сообраќај на податоци ќе се зголеми до осум пати над сегашното ниво. Овој сообраќај е еднаков на:

Населението на Шпанија да стрима на HD видео 24 часа на ден за еден месец

-Еден претплатник да стрима HD видео постојано за 3.55 милиони години

-31 милијарди часа непрекинат HD видео стриминг

Во следните шест години мобилните широкопојасни мрежи ќе ги зголемат своите нови претплатници со близу 2,6 милијарди. Последните статистички податоци за растот на претплатниците и сообраќајот на податоци во мобилни мрежи се претставени во јунското издание на Ericsson Mobility Report.

Тоа покажува највисокиот годишен раст на мобилни податоци на глобално ниво по 2013 година, како резултат на масовниот раст во Индија, и ја нагласува потребата од користење на мобилни податоци.

Употребата на смартфони и лесниот пристап до мобилни интернет услуги се објаснување за податоците поврзани со сообраќајот. Ericsson анализира „мобилен сообраќај на податоци од паметните телефони“ за да се илустрира појасно овој тренд.

До крајот на 2022 година, вкупниот сообраќај на мобилни податоци од паметните телефони ќе се зголеми 9 пати, достигнувајќи 66 ExaBytes месечно.

LTE се претвора во најшироко распространетата технологија во историјата

Во 2018 година LTE (4G) ќе го надмине GSM како најзастапена технологија за пристап по бројот претплати. Брзината со која оваа технологија беше распространета и имплементирана, е без преседан. Потребни беа само пет години LTE да покрие 2,5 милијарди луѓе во споредба со осумте години за WCDMA / HSPA или 3G. Само во првиот квартал на оваа година беа додадени 250 милиони нови LTE претплати.

Додека ширењето на LTE се должи на побарувачката на подобро корисничко искуство и побрзи мрежи, распоредување на 5G ќе биде условено и од потребата од подобрени мобилни широкопојасни можности, како и од индустриски решенија за ефикасност и автоматизација. 5G ќе биде мрежата која ќе поддржува разни сценарија на употреба.

Над половина милијарда 5G претплатати се очекува да бидат активирани до 2022 година, без да се вклучуваат IoT врските. Дотогаш се очекува 5G да покрива околу 15% од светското население.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail