Над две третини од луѓето не се заинтересирани за купување на биткоини

bitkoin.jpg

Независно од поскапувањето што го забележа биткоинот во последниве недели, истражувањето на „Gallup“ и „Wells Fargo“ потврди, дека додека едни тврдат дека еден ден најпопуларната криптовалута може да биде столбот на глобалниот систем за плаќање, тоа други се уште не можат да го прифатат како можност за инвестирање, објави „Market Watch“.

Од 96% од испитаниците во САД, кои учествувале во анкетата и потврдиле дека имаат слушнато за биткоинот, излегува дека само 2% поседуваат единици од дигиталните пари, додека 72% посочија дека немаат интерес за купување.

„Биткоинот се уште не се пробил меѓу поширок круг од инвеститори во САД“, објаснува Лидија Саад од „Gallup“. Таа го поддржува тврдењето со податоци од истражувањето, според кои само 3% од мажите и 1% од жените изјавиле дека поседуваат биткоини.

Кај возрасната граница ситуацијата е слична – 3% од луѓето помеѓу 18 и 49 години и 1% од оние над 50 години изјавуваат дека купиле од најпопуларната криптовалута.

„Поседување на биткоин е почесто меѓу побогатите инвеститори“, објаснува уште Саад.

Според резултатите од истражувањето на „Gallup“ и „Wells Fargo“, 75% од испитаниците го сметаат биткоинот за многу ризичен, а 23% за ризичен до одреден степен.

Истражувањето е спроведено меѓу 1.921 американски инвеститори на возраст над 18 години во периодот 7-14 мај.

Во понеделникот биткоинот поевтини со малку од над 1% до 8.125,60 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail