Над половина Французи се здебелиле за време на пандемијата со коронавирус

123456.jpg

Дури 57 отсто Французите сега имаат повеќе килограми од почетокот на примените на мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, на 17 март.

Испитувањето спроведено од институтот Ифоп за специјализираната интернет-страница „Дарвин нутришн“ посочува дека француските граѓани имаат во просек 2,5 килограми поголема маса. Тоа, поради недостиг на движење, но и поради „постојаното грицкање“ седејќи дома.

Како што се наведува, 56 отсто од мажите и 58 отсто жени имаат неколку килограми повеќе. Меѓу нив, се истакнуваат невработените, двојките и родителите со деца.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail