Надеж за болните од рак – Наномашини навлегуваат во канцерогени клетки и ги убиваат

nano-mashini.jpg

Наномашини кои можат да навлезат во канцерогени клетки и да ги убијат за само 60 секунди, се развиени од научници од универзитетот Дурам.

Малечките молекули кои се вртат се движат со помош на светлина, а ротираат толку бргу што можат да се закопаат во ткивата и на тој начин да поминат низ клеточните обвивки кога се активирани.

Во еден од тестовите на наномашините им требале помеѓу една и три минути да се пробијат низ надворешната мембрана на канцерогена клетка на рак на простата, убивајќи ја инстантно.

Др. Роберт Пал од универзитетот Дурам вели дека ваквите наномашини можат да се користат во борба против канцерогени клетки кај туморите на дојки и кожните меланоми, вклучувајќи ги и оние кои се отпорни на постоечките хемотерапии.

Научниците креирале неколку различни моторизирани молекули дизајнирани да напаѓаат специфични клетки, способни да ротираат 2 до 3 милиони пати во секунда. Тие се активираат со ултравиолетова светлина, а додека тоа не се случи се сосема безопасни за клетките кои треба да ги уништат.

Овие наномашини се толку малечки да може 50 000 од нив да се сместат на дијаметарот на едно човечко влакно, а можат да навлегуваат во животински и човечки клетки.

Истражувачите веќе експериментираат во микроорганизми и малечки риби, а би следело тестирање врз глодари пред да започне клиничкото тестирање врз луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail