Надица Стојкова од ФМН добитник на признание од Лекарската комора на Македoнија

850e17edce6779cc111d239710be36ab_XL.jpg

Студентката Надица Стојкова од Факултетот за медицински науки се најде меѓу тројцата студенти на факултетите за медицински науки во Република Македонија кои добија признание за најдобар студент. Признанието им беше доделено од страна на Лекарската комора на Македонија, по повод 25-годишнината на оваа организација.

Одбележувањето на овој јубилеј на Комората се одржа во Македонската академија на науките и уметностите. Студентката Надица Стојкова  дипломираше во јуни годинава со просек 9,59 на насоката Општа медицина. Таа доби вредно признание заедно со уште двајца студенти на медицинските факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и при Тетовскиот државен универзитет во Тетово. Признанието има големо значење за неа, но и за професорите на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top