„НАГРАДА ЗА МРЗЕЛИВОСТ“: Добиваат по 1000 евра месечно, а не работат ништо!

20170418164818.jpg

Германска стартап фирма „Majn Grundajnkomen“ од 2014 година дава по 1000 евра месечно како дел од социјален експеримент за основен месечен приход.

Пари добиваат 85 луѓе, вклучувајќи околу десеттина деца. Основачот на фирмата Мајкл Бомејер верува во идејата за основен месечен приход, кој сите би го добивале.

„Благодарение на мојот прв стартап имам редовни приходи, а животот ми стана покреативен и среќен. Затоа сакав да покренам социјален експеримент“, рекол 31-годишникот.

Овој Германец собрал и донации од 55 000 луѓе по пат на кровдфаундинг модел. Луѓето кои ќе добиваат по 1000 евра месечно се избрани случајно, во пренос во живо. Еден од нив е петгодишниот Мико од Берлин.

„Сите подобро спиеме, а никој не стана мрзелив“, рекла неговата мајка. Семејството на Мики за прв пат успеа да оди на одмор.

„Без секојдневен притисок станувате креативни“, рекла една од добитничките, Валери Руп, која со грижа за детето почнала да работи како декоратер.

Други добитници ги напуштиле работите на кои заработувале само за да се прехранат, како би станале учители, би се лекувале од хронична болест, би се одвикнувале од алкохол, плаќале студии на децата.

„Тоа е подарок, но и поттик за промени“, објаснува Астрид Лобејер, која парите ги искористила за студирање на посебни терапевтски техники.

Експериментот на Бомејеров ги фасцинирал социјалните мрежи и покренал расправа за основните месечни приходи во Германија. Германскиот парламент во 2009 година ја одби петицијата за воведување на основен месечен приход која ја потпишале 50 000 луѓе. Противниците веруваат дека овој проход би го променил односот на човекот кон работата, некои го нарекуваат „награда за мрзеливост“.

Големите синдикати ја одбија идејата, нарекувајќи ја „либерален тројански коњ“ кој би ја зголемил нееднаквоста.

Сепак, околу 40 отсто од јавноста уште мислат дека тоа е добра идеја.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail