На 25-ти мај во Сомбор се одржа ликовна изложба, музичка промоција и книжевна вечер на третата по ред СРМА (Србија-Македонија) – културна активна размена. Настанот се одржа во организација на Македонскиот информативен центар – МИЦ, Белград и Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ ПЕЛА, Сомбор.

На претседателот на Друштво на писатели на Србија, Радомир Андриќ, му беше врачена диплома за почесен професор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Во рамки на книжевната вечер, на претседателот на Управен одбор на МСУ, д-р Јордан Ѓорчев му беше врачена престижната награда МАКЕДОН, поради остварената добра соработка помеѓу Македонија и Србија.

Свои стихови читаа д-р Јордан Ѓорчев, Стојан Бербер, Давид Кецман, Зденка Феќвер, Миленко Попиќ, Виктор Шеќеровски, Рајко Игиќ и Радомир Андриќ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail