На 05.05.2018 година во 10:00 часот во рамките на одржувањето на 6-тата Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, најдобриот професор по Географија на Балканот, м-р Дејан Немчиќ, ќе одржи предавање пред учениците и професорите по географија.
Предавањето ќе биде на тема: „Примена на дигиталните алатки во процесот на учење на часовите по Географија”.