Најава за наставно-научен практикум на студентите од УТМС во Анталија

Najava-za-nastavno-nauchen-praktikum-na-studentite-od-UTMS-vo-Antalija.jpg

Најава за наставно-научен практикум на студентите од УТМС во Анталија

Во рамките на дефинираните активности во Годишната програма за работа на факултетите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е реализирање на наставно-научен практикум кој има за цел студентите да се стекнат со апликативни знаења. Затoа од 12.05.2018 до 19.05.2018 година ќе се реализира наставно-научниот практикум во Анталија, Р. Турција. За време на престојот студентите ќе следат предавања од менаџери на престижни хотели и ќе учествуваат во работилници за унапредување на компетенциите од областа на туристичката индустрија, финансиски менаџмент, маркетинг и промоција, менаџмент на човечки ресурси и претприемништво.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail