Најава за соработка меѓу Факултетот за образовни науки (ФОН) и Педагошкиот факултет во Љубљана

90e4574ba672d4d34fc6640b601fb5ae_XL.jpg

Деканката на Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Соња Петровска, оствари средба со деканот на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Словенија, проф. д-р Јанез Вогринц.

На средбата се зборуваше за можностите за соработка помеѓу двата факултета. Според проф. д-р Петровска, тие се пред сѐ во размената на студенти и наставнички кадар преку програмите за мобилност.

Се договараме околу склучување на договори за студентска и наставничка мобилност во рамки на Еразмус плус програмата, учество и реализација на различни конференции и други заеднички програми.

Според деканот на Педагошкиот факултет во Љубљана, има можности за соработка и тие се заинтересирани.

Заинтересирани сме за соработка во повеќе различни области, една е, како што рече мојата колешка, во Еразмус плус мобилноста, а секако и во областа на истражувачки активности, како што се конференции и останати истражувачки проекти. Уште пред да дојдам на Универзитетот имам добри информации за УГД од моите колеги од Македонија, а секако ја посетив и веб-страницата на Универзитетот и добив многу информации – изјави проф. д-р Вогринц.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail