Најбизарни совети за учење кои делуваат

4138ucenje_naslovna.jpg

Ако очекувавте совет во стилот „додека учите, занимавајте се само со учење“ или „пијте вода за да мозкот не ви дехидрира“, следи изненадување. Овие едноставни техники не се толку познати, но многумина тврдат дека функционираат.

Во текот на повторувањети цврсто стиснете ја раката

Постои метода за која многумина тврдат дека функционира. Тие тврдат дека со стиснувањето на раката ги актвирате мозочните клетки кои се клучни за памтењето.

Не учете еден ден пред тоа и не повторувајте пред испитот

Истражувањата покажаа дека учењето еден ден пред испитот штети бидејќи ја оптеретува краткотрајната меморија, а тоа може да ја оптерети долгорочната меморија и да го помеша наученото.

Цртајте по листот

Истражувањата покажаа дека свесното цртање по листовите може да помогне за концентрација.

Гледајте во ѕид

Правете нешто што нема врска со учењето. Важно е да одморите, а најмногу ќе ви помогнат напуштањето на просториите каде што сте учеле. Излезете на свеж воздух, повикајте ги пријателите, но во тие 10 минути не размислувајте за учење.

Секој студент има свој начин и метода на подготовка, а веруваме дека веќе сте ја пронашле својата. Овие трикови ќе ви помогнат кога и сами нема да знаете што да правите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail