Најблиската ѕвезда слична на Сонцето има 2 планети погодни за живот

planeti.jpg

Нови докази откриваат дека најблиската ѕвезда слична на Сонцето има 4 егзопланети кои орбитираат околу неа и се со големина слична на Земјата, а научниците сметаат дека 2 од нив се можеби погодни за живеење.

Ѕвездата Tau Ceti се наоѓа на 12 светлосни години од нас, а планетите биле откриени од тим истражувачи водени од Фабо Фенг од универзитетот во Хертфордшир во Англија.

Двете од нив се од типот на супер-Земја (планети кои имаа маса поголема од Земјата), и се наоѓаат во рамките на зоната погодна за живеење околу Tau Ceti. Тоа значи дека условите би можеле да поддржуваат постоење на течна вода на нивната површина, а според тоа и на можни форми на живот.

Двете други помали планети се наоѓаат вон овој простор, значајно поблиску до ѕвездата.

Нареден чекор ќе биде обидот да се набљудуваат овие сè уште невидени светови со телескоп, за да се добијат нови информации преку директна опсервација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail