Најбогатиот човек предвидува: Светот ќе биде нападнат од некој голем ураган, земјотрес или хакерски напад

bafet.jpg

Еден од најпознатите светски инвеститори и мијардери Ворен Бафет предвидува дека светот ќе биде нападнат од некој голем ураган, земјотрес или хакерски напад во споредба со кој ураганите Катрина и Мајкл ќе изгледаат како „џуџиња“, пренесува Бизнис инсајдер.

Тој во писмо до вработените вели дека катастрофа би можела да се случи уште утре или за неколку децении, но едно е сигурно – таа е неизбежна.

„Кога ќе дојде до таква „мегакатастрофа”, ќе претрпиме големи загуби. Многу големи“, вели во писмото Бафет.

Но, тој како и секогаш има план.

„За разлика од многу други осигурителни компании, ние веќе следниот ден ќе гледаме да го надоградиме нашето работење“, потенцира Бафет.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail