Најбогатиот Кинез трага за личност која ќе го превземе водството во неговата корпорација, откако го одби неговиот син

NAJBOGAT-KINEZ.jpg

Најбогатиот човек во Кина трага за личност која ќе го превземе водството во неговата корпорација, откако го одби неговиот син единец.

Ванг Џианлин (62), основач и шеф на „Далиан Ванда груп“ рекол дека неговиот син, 28-годишниот Ванг Сиконг, рекол дека не сака да биде главен човек во корпорацијата, пренесува „Дејли мејл“.

– Го прашав син ми за планот за наследување, а тој ми рече дека не сака да живее како мене – рекол Џианлин на претприемачкиот самит кој беше одржан минатиот викенд.

„Далиан Ванда груп“ е корпорација во рамките на која постојат синџири на хотели, трговски центри, тематски паркови и рекреативно спортски клубови.

– Можеби младите луѓе имаат свои сопствени приоритети и барања. Можеби би било подобро да го предадам бизнисот на професионални менаџери, да видам како тие ќе управуваат со компанијата. Имаме неколку кандидати меѓу менаџерите. Оној кој би го подучувал да стане лидер на работењето не би требало да биде подобар од оној кој би се истакнал низ натпреварувањето – рекол Џианлин.

Ванг Сиконг е директор на една од компаниите кои се дел од татковата империја.

Сиконг стана познат по неговото фалење со својот луксузен живот, но и по арогантното однесување.

Оваа година му купи на своето куче аљаски маламут по името Коко неколку нови телефони „ајфон“ и паметни часовници „Епл“, кои ги стави околу шепата на кучето.

Фотографиите со паметните часовници беа објавени на социјалните медиуми, како што е „Веибо“, и предизвикаа критики на јавноста.

Овие апарати чинат многу повеќе од износот на просечна плата во повеќето кинески градови.

Инаку, и кучето на Ванг Сиконг има сопствен профил на социјалната мрежа „Веибо“. Сиконг редовно му приредува забави и троши огромни суми на играчки за својот домашен миленик.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail