Најбогатите 0,1% имаат богатство колку и дури 3,8 милијарди сиромашни

bogatstvo.jpg

Нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните во светот станува се поекстремна, што потврдуваат и најновите податоци според кои седум милиони луѓе, односно најбогатите 0,1% имаат богатство колку и дури 3,8 милијарди сиромашни луѓе заедно.

Според извештајот за светската нееднаквост кој што беше објавен од економистот Томас Пикети, а на кој што работеле повеќе од 100 истражувачи ширум светот, се предупредува дека нееднаквоста во одредени земји достигнала „екстремно ниво“ и проблемот ќе стане уште поголем.

Според извештајот, проблемот ќе се продлабочи доколку владите не превземат координирани акции за зголемување на даноците и сузбивање на праксите на избегнување на плаќањето на даноците пренесуа британски „Гардијан“.

Разликите во богатството помеѓу најбогатите и најсирмошаните станале екстремни, посебно во Соединетите Американски Држави и Русија, откриваат економистите.

Околу 0,1% од најбогатите во САД во 2014-та година во свои раце држеле 39% од вкупното богатство во таа земја, а тоа е пораст за 22% од 1980-та година.

Најбогатиот човек на светот е основачот и извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос кој што се проценува дека поседува богатство од 98,8 милијарди долари според индексот на милијардери на „Блумберг“.

Безос кој што е најголем акционер во „Амазон“, го зголемил своето богатство за вртоглави 33 милијарди евра само во текот на изминатата година. Петте најбогати луѓе на светот – Џеф Безос, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Амансио Ортега и Марк Цукерберг заедно поседуваат дури 425 милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail