Најбогатите луѓе во светот додале 1.000 милијарди долари на своите сметки во 2017-та година!

najbogati-luge.jpg

Богатството на 500-те најбогати луѓе на светот е зголемено за дополнителни 1.000 милијарди долари во 2017. година, бидејќи заработиле 4 пати повеќе отколку во 2016. година, според податоците кои ги собрала њујоршката агенција “Bloomberg”.

Зајакнувањето на пазарот на акции е клучната причина за 23-процентниот раст на нивното богатство на вкупно 5.300 милијарди долари од 4.400 милијарди во 2016. година.

Во самиот врв на ранг листата на 500 најбогати луѓе на светот на “Bloomberg”, меѓутоа, дошло до пресврти, бидејќи Бил Гејтс, кој од 2013. година е рангиран како најбогат човек на светот, од првото место бил симнат од страна на Џеф Безос од компанијата Амазон.

Безос заработил најмногу пари минатите 365 дена, а неговата сметка е “подебела” за 34,2 милијарди долари. Тој моментално поседува имот вреден 99,6 милијарди долари, со што го поминал Гејтс за 8,3 милијарди.

На листата има 57 поединци од технолошкиот сектор, кои заедно заработиле 262 милијарди долари.

Соосновачот на Фејсбук, Марк Цукерберг е на петтото место на листата, а богатството го зголемил за 45 проценти, на 22,6 милијарди долари.

Најголем број на милијардери потекнуваат од САД, поточно 159, кои оваа година заработиле 315 милијарди долари и заедно поседуваат богатство вредно 2.000 милијарди долари.

На ранг листата има и 38 кинески богаташи кои заработиле најмногу во 2017. година, бидејќи нивното богатство е зголемено за 65 проценти или за 177 милијарди долари. По нив следат Индијците, кои се за 43 проценти побогати.

Своето место на листата го нашле и 27 руски богаташи, кои заработиле 29 милијарди долари и сега поседуваат 275 милијарди.

Во меѓувреме, 58 милијардери претрпеле загуба во оваа година, бидејќи нивното богатство е намалено за 46 милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail