Најбрзото Lamborghini ќе добие отворена верзија

df979eaa-8a20-4682-9433-c9c282afe055_790.png

 

Само пред еден месец, во Женева, компанијата Lamborghini го претстави купето Huracan Performante, што може да се користи и на стандардни патишта. Италијанците веќе работат и на отворена верзија на моделот, а фотки на тест прототипот веќе се најдоа на интернет просторот.

 

Според информациите, со исклучок на електричниот-хидрауличен мек покрив, Lamborghini Huracan Performante Spyder целосно ќе биде како купе изведбата. Тоа значи дека родстерот ќе го добиете истиот 5.2 литарски атмосферски V10 со 640 КС и 600 Nm, со менувач LDF, систем за погон на четири тркала, пакет активни аеродинамични елементи ALA … Купето Performante има 1.382 килограми, но Spyder ќе биде потежок поради механизмот за симнување на покривот. Благодарение на користениот во конструкцијата на автомобилот, посебен карбон, сепак разликата во тежината помеѓу двете верзии ќе биде минимална.

Купето забрзува од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди, а максималната брзина надминува 325 km/h. Од Lamborghini потврдија дека Huracan Performante ја помина делницата на Северниот лак на Нирбургринг за 6 минути и 52,01 секунди, со што е нов рекордер, надминувајќи го Porsche 918 Spyder за речиси 5 секунди. Се очекува Huracan Performante Spyder да биде малку побавен, бидејќи е потежок. Сигурно, сепак тој ќе претендира за титулата „најбрз автомобил во отворена верзија“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail