rgsreg.jpg

Сладоледот не треба да се чува подолго од пет минути на собна температура, па повторно да се замрзнува.

Кога го вадите сладоледот од фрижидер, обично го оставете уште малку ако некој сака да се послужи, нели?

Епа ја правите најголемата грешка и се изложувате себе си и вашите блиски на опасности.

– Сладоледот се топи прилично брзо на собна температура, а засладеното млеко особено во течна форма е совршена средина за развој на бактерии, како што е листерија, наведува американскиот доктор Амрин Башир.

Тоа значи дека само еден час надвор од фрижидерот, “кокетирате” со можноста со денови да страдате од гадење, повраќање и дијареа.

Што треба да направите за да избегнете потенцијално труење?

Д-р Башир вели дека е најдобро веднаш по сервирањето да се врати сладоледот назад во фрижидер, пред почне да се топи.

Извор:денар.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail